Wednesday, May 24, 2006

 

Sopsko Rudare - Шопско Рударе

ПРАИСТОРИСКА ОБСЕРВАТОРИЈА СТАРА 4000 ГОДИНИ
КРАТОВО -ШОПСКО РУДАРЕ ЦОЦЕВ КАМЕН

Разговор со д-р Душко Алексовски,доктор на Филолошки науки, докторант на археологија ипалеолингвиситика и претседател на Светската академија за карпеста уметност

Во селото Шопско Рударе, Кратовско е откриен засега најимпозантниот и најзначаан споменик на културата од времето на праисторијата, каде на еден комплекс е изработено место за жртвување,светилиште и праисториска обсерва-торија во вистинска смисла на зборот. Co оглед на тоа што е ова единствен објект од ваков вид во Југоисточна Европа и тоа по многу нешта, се отвора нова страница во културната историја на Република Македонија.
Најзаслужен за откривањето на локалитетот Цоцев Камен, вистински извор на , светската праисториска култура и писменост што деновиве е во центарот на интерсирањето на научната јавност, е д-р Душко Алексовски, доктор на Филолошки науки, докторант на археологија и палеолингвиситика и претседател на Светската академија за карпеста уметност.

- Станува збор за локалитет стар околу четири илјади години што импресионира, возбудува и изнудува воздишки. Неверојатен огромен комплекс изделкан од човечка рака, вели Алексовски.


По што се разликува Цоцев Камен од другите досега пронајдени обсерватории во светот?
-Во светот се пронајдени повеќе праисториски обсерватории како онаа во Стоунхенџ, но Цоцев Камен се разликува од сите нив и е буквално единствен во светот. Тоа се должи пред се на податокот што на овој локалитет, на местото, односно седиштето каде што се врши набљудување на небеските тела, како комети, метеори, ѕвезди, Месечината и Сонцето постои и место за ритуални и церемонијални активности.Истовремено, во негова близина се наоѓаат повеќе мегалити поставени од човечка рака, а во истата пештера во близина на обсерваторијата имаме гравири што се однесуваат на Богот на виното и на Богот на плодноста. Јас од 1990 година професионално се занимавам со истражување на карпестата уметност на територијата на Република Македонија, но до ова сензационално откритие дојдов пред две години и оттогаш целосно му се посветив на овој импресивен локалитет.Бронзено Време во контекст на купола, на самиот влез во објектот, укажува на фактот дека локалитетот Цоцев Камен е значајно праисториско светилиште и обсерваторија. Податок што го потврдуваат и знаците исклесани во непосредна близина на локалитетот. Овој карпест објект во кој се издлабени голем број дупки упатува на фактот дека во Бронзеното и Железното време, како и во Антиката овој значаен споменик на културата бил идеално проектиран и луѓето лесно се движеле по карпата без никакви ризици.
• Кон објектите во карпата водат две патеки
-Да, првата патека води кон една природна пештера, која во Палеолитот и во Неолитот била преуредена за потребите на популацијата која во тоа време ја населувала околината на Цоцев Камен. Под пештерата се исклесани два реда камени седишта кои заедно со платформата која била изградена пред седиштата, формираат анфи-театар. Тоа е прв анфитетар од Брозеното време, од овој тип, откриен во светот до овој момент. Над оваа пештера најнапред постоела помала природна пештера, се до Бронзеното време, кога духовните водачи организирале преуредување на пештерата за ритуални и церемонијални активности. При новото уредување на пештерата во самата карпа се изработени корита со двојни простори: мал и поголем, слични на коритата откриени во Пелагонија. Co ова се решава и загатката на употребата на овие корита.
• За што служеле овие корита?
-Тие немале практична примена, туку ритуално-церемонијална, за чествување на Богот на виното и Богот на плодноста. За прв пат, на територијата на Европа, на самото дно на пештерата се изработени карпести гравири од типот на долиноформите, како и од типот на квадратните и полукружните вдлабнувања, поврзани со Богот на плодноста - факт познат и од литературата поврзана со карпестата уметност.

ЗАШТИТА ОД БОГОВИТЕ

• По што заклучувате дека оваа пештера е поврзана со Богот на виното и Богот на плодноста?
-На тоа упатува фактот што на исток од пештерата, во непосредна близина на мегалитите се исклесани ми нијатурни корита со двоен, (помал и поголем) простор. Гравирите врз карпите во близина на мегалитите од типот на купули поврзани со канелури, исто така укажуваат на фактот дека пештерата е поврзана со култот на плодноста. Нашите праисториски претци оделе во пештерата со цел да даруваат керамички, стаклени, камени и коскени предмети. Даруваните предмети ги кршеле на самото место во пештерата. Еден дел оставале во пештерата, а еден дел од даруваниот предмет враќале во својот дом и на тој начин тие воспоставувале врска со боговите од кои очекувале заштита. Тоа е познато и од стручната литература и од практиката. На сите крупни дарувани предмети (корита и сл.) им недостасуват делови.
• Каде воделе скалите што од далечина се забележуваат?
-Скалите водат од самата основа на Цоцев Камен до оваа пештера, а кои потоа продолжуваат кон местото за жртвување, Тоа е пространо плато, исто така изработено во карпата, со површина од околу 100 метри квадратни. На вертикалната карпа, од северната страна е изработена рамка со вдлабнувања од десната и левата страна, каде според пишувањето на професор Стеван Симиќ од 1911 година, се наоѓал портрет скулптура на непознат Бог. Меѓутоа, уште поимпресивен е вториот простор на локапитетот. Пред влезот се протегала патека, која на влезот во локалитетот била широка 2.26 метри, додека на самиот почеток била широка 3.70 М9три. Од левата и од десната страна, во средината на патеката биле поставени погшшми делумно обработени камења. Патеката била калдрмисана, а нејзината должина изнесувала 21.26 М9три. Ha почетокот на патеката, од едната и од другата страна биле поставени два големи камења што биле обработувани. Влезот бил добро чуван од вооружени лица.
Тоа требало да придонесе за мирен тек на церемониите и ритуалите од различен вид. Самата карпа е обработена на таков начин за да во неа се изделка: престол, мала платформа за лицата што стоеле веднаш до лицето кое седело на престолот.Зад лицето што седело на престолот била изработена врата и мала платформа за мал број луѓе. Пред самиот престол се наоѓа плато од 51 м2 за официјални лица, кои ги следеле церемониите.

СОФИСТИЦИРАНА ОПСЕРВАТОРИЈА

• Велите дека станува збор за ретка праисториска софистицирана об серваторија. Co што го поткрепувате тоа?
-Реконструкцијата на платото е направена според остатоците од старата калдрма. Локалитетот претставувал праисториска обсерваторија во вистинска смисла на зборот. Наспроти престолот, во карпата се изработени неколку седишта, како дел од една софистицирана опсерваторија. Од седиштата се набљудувало Сонцето, Месечината и ѕвездите. На повеќе стотици метри источно од овие камени столови се наоѓаат мегалити, во чија непосредна близина се изработени месечини со голема димензија. Мегалитите со додатни врежувања врз нив, или врз камењата во непосредна нивна близина се најсигурниот сведок за тоа дали еден објект претставува обсерваторија или, пак, измислена приказна која мора да има краток рок на важност.
• Дали во близина на Цоцев Камен постоеле населби?
Да, токму развиените населби во непсредна близина на локалитетот Цоцев Камен, од Неолитот и Бронзеното време се меѓу најсилнитв докази дека овој дел од комплексот претставува праисториска обсерваторија во вистинска смисла на зборот.Инаку, од западната страна на Цоцев Камен, во една мала пештера за прв пат на територијата на Македонија и на Балканот воопшто, како што вели д-р Душко Алексовски, открина е сликана карпеста уметност, каде што постојат сликани елементи во самата средина на пештерата. Доминира насликан орант, а на левата негова страна се забележува насликаното дрво на животот. Овој сликан елемент има аналогија во гравираните дрва на животот врз керамичките садови од врашто на Неолитот. Употребена е црвена боја која се инфилтрирала во самата карпа.Втората, пак, пештера, со идеална акустика, претставува идеална концертна дворана, што ова наведува на заклучок дека Цоцев Камен е дел од една развиеиа праисториска култура.
• Какво е мислењето на другите научници за Цоцев камен?
-Овој локалитет веќе го привлекува внимнието на експертите од археологија, палеолиндистика, архео-митологија и астрономијата. Локалитетот го посети и поз натиот бугарски археолог, праисторичар, проф. д-р Стефан Чохаџиев, кој изрази воодушевување од импозантноста на објектот во секоја смисла на зборот, како и научните работници Филип Маринвал и Катрин Ќоманж од Франција. За овој објект особен интерес покажа и нашиот познат и признат оперски пејач, со светско реноме,Борис Трајанов, кој го посети локалите во името на УНЕСКО.Локалитетот Цоцев камен досега беше посетен од универзитетски професори од Саудиска Арабија,Италија ,САД, Русија, Јапонија кои изразија воодешување од сето она што го забележаа на локалитетот и неговата околина. Едноставно, тие заклучија дека Цоцев Камен е вистински извор на светската праисториска култура и писменост и дека во скора иднина ќе биде во центарот на интерсирањето на светската научна јавност, што веќе и се случува. Овој локалитет доби особено во значење по документирањето на камените и глинени скулптури со претстава на божица птица, откриени во негова непосредна близина, како и на испишаните глинени плочки, од времето на Неолитот и Бронзеното време.

ЗАБОРАВЕНО СВЕДОШТВО ОД БРОНЗЕНОТО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Ритуални танци и жртви на Цоцев Камен
Локалитетот Цоцев Камен и неговата вредност го открил Душко Алексовски, основач на првиот Центар за карпеста уметност уште во 1971 година и ги информирал тогашните надлежни органи. Тој е единствен локалитет во Југоисточна Европа кој на едно место обеКарпата Цоцев Камен во близина на кратовското село Цоцевци е една од ретките во Македонија кои знаат да "зборувааат". Уште кога ќе се забележи од далеку крпата како да ги повикува посетителите. На прв поглед личи како и секоја друга поголема карпа во Македонија, но чудно е што веднаш го задржува погледот. Нејзините вдлабнатини во вид на пештери се разместени на чуден начин, како на катови и сите како да комуницираат една со друга. Но она што се забележува од далеку не е ништо во однос на импозантниот локалитет кој се отвора пред очите на само неколку чекори од карпата. Пештери, платоа, базени, остатоци од своевидни скали, седала, камен престол, патеки и ред други знаци покажуваат дека тука некогаш престојувале луѓе. Но сето ова не може да се види наеднаш. Иако пештерите се отворени и се гледаат речиси е невозможно да се открие како се стигнува до сите нив. Цоцев Камен е локалитет каде не може да се оди без водич. Стевче Доневски од центарот за карпеста уметност во Кратово на прсти го знае секое делче од карпата. "Во пештерите на Цоцев Камен има само еден влез, со две порти. Едната е наречена мала порта. Се наоѓа меѓу две карпи и е многу тесна, а другата, големата порта е формирана од карпи со многу поголеми димензии. На sидовите од карпата кај големата порта има вдлабнатини во форма на буквата Г кои укажуваат дека тука имало и дрвена врата. Само од ова место може да се стигне до скалите кои водат до пештерите и разните нивоа на Цоцев Камен", вели Стевче Доневски од Центарот за карпеста уметност.Скриен тесен влез бил неопходен за место како што според кажувањата на Душко Алексовски, основач на првиот Центар за карпеста уметност во Македонија, бил Цоцев Камен. Тој вели дека оваа карпа некогаш била светилиште со жртвеник и простор за духовни церемонии, а на едно од повисоките места на карпата, сместени се елементи кои укажуваат дека тука имало опсерваторија. "Додека се изведувале духовните церемонии на разните платоа од карпата, влезовите се обезбедувале. Кај големата порта, според сите мои досегашни истражувања обично стоела и вооружена стража за да не се попречува церемонијата, а стражари имало и кај малата порта", вели Алексовски.Главните церемонии се извршувале во пештерата на второто ниво на Цоцев Камен. Во неа издлабени се едно мало и едно големо корито. Покрај нив има еден повисок дел, кој според кажувањата на Алексовски најверојатно бил место каде седеле официјалните лица, а непосредно до двете корита, на повисокото плато издлабени се две минијатурни корита, идентични на двете големи. "Локалитетот датира од бронзено време и сите знаци укажуваат дека пештерата со двете корита некогаш била светилиште посветено на богот на виното и плодноста. Тука племињата што живееле во околина принесувале дарови на боговите. Има знаци на подот на светилиштето кои укажуваат дека даровите се носеле во керамички тањири кои тука и се кршеле. Луѓето оставале еден дел од тањирот во светилиштето, а другиот го носеле дома за да ја остварат врската со боговите. Дар најчесто било грозјето, а се носело од почетокот на гроздоберот па се до неговиот крај. На една од карпите во Цоцев Камен дури има и вдлабено винова лоза. Освен тоа на ова плато се изведувало и ритуално капење. Над пештерата со двете корита има два базени. Едниот е голем и собира околу 10 кубици вода. Водата од базените во дел од церемонијата била пуштана да тече и паѓала точно во пештерата со коритата каде поминувале луѓето и го изведувале ритуалното капење", раскажува Алексовски.Според него, за да се обработи карпата и да се направат базените на таа височина потребни биле натчовечки напори. Тие биле покриени со дрвени греди, а надворешниот sид на големиот базен е во форма на триаголник. Во еден од ќошевите на триаголникот, (најнискиот) имало дрвен чеп кој се кревал кога требало водата да истече, над базенот, пак, во карпата е вдлабена алка на која со коноп се закачувал чепот.Од светилиштето преку вдлабени скали во каменот кои се многу стрмни се стигнува до жртвеникот. Тоа е окриено рамно плато, на кое се принесувале жртви. На северната страна имало портрет - скулптура на некој од античките богови ставена во камена рамка. Рамката стои и денес, но скулптурата според кажувањата на Алексовски ја искршиле копачи на злато мислејќи дека во неа има скриено богатство. Оваа портрет - скулптура била забележана и во записите на Стеван Симиќ од 1911 година, историчар чии дела се во Државниот архив на Србија и Црна Гора. Дел од духовните церемонии се изведувале и на платото каде и денес стои престол. Од десната срана на престолот се изработени седишта за неколку лица. Ова плато и престолот се претпоставува дека ја сочинувале тогашната опсерваторија. "Лево од престолот, на исток на соседниот рид има мегалити или ориентири по кои се одредувала позицијата на сонцето. На мегалитите, како и насекаде низ капрата Цоцев Камен има карпести гравири - квадратни и полукружни вдлабнувања во карпите", објаснува Алексовски. Пештерите и платоата во кои се изведувале ритуалните церемонии се на источниот дел од Цоцев Камен. Истражувачите велат дека тоа бил многу мудар чекор на племињата бидејќи на оваа страна нема ветар. Пештери има и на западната страна, но таму не се изведувале ритуалите и до нив може полесно да се стигне. Во една од нив најдено е своевидно писмо."Исцртани се некои знаци на sидот во пештерата кои имаат црвена боја. Местото не го фаќа дожд и најверојатно поради тоа се уште стои писмото. Не можеме ниту да претпоставиме за каква боја се работи. Писмото е откриено сосема случајно. Заврнало дожд и некој овчар од блиските села се затекнал на западната страна на Цоцев Камен и за да се засолни од дождот влегол во пештерата и го забележал писмото. Од него дознавме за овој запис", вели Стевче Доневски од Центарот за карпеста уметност.Локалитетот Цоцев Камен и неговата вредност го открил Алексовски уште во 1971 година и ги информирал тогашните надлежни органи. Тој е единствен локалитет во Југоисточна Европа кој на едно место обединува жртвеник, светилиште, простор за духовни церемонии и опсерваторија. За него се известени Заводите за заштита на културни споменици, но досега не се нашол човек што навистина ќе се заинтересира и ќе го актуелизира. Луѓето кои знаат за Цоцев Камен во Македонија на прсти може да се избројат. Душко Алексовски прави напори да го заштити овој локалитет и да го направи туристичка атракција, а за тоа добил ветување и од тенорот Борис Трајанов кој го посетил Цоцев Камен, но не во улога на пејач туку како амбасадор на УНЕСКО. Алексовски вели дека добил ветување дека Трајанов ќе стори се за да го заштити ова богатство. Во четвротокот оваа недела пак, со цел да го актуелизира ова место Алексовски имаше гости од Словенија кои се искачија на карпата и со голем интерес го следеа излагањето на Алексовски.Цоцев Камен е карпа висока стотина метри и искачувањето по нејзините стрмнини е еднакво на некој ектремен спорт бидејќи местото не е заштитено и само еден погрешен чекор може да биде фатален. За оние што не веруваат во величината на овој локалитет Алексовски вели: "Кој не верува може да се увери на самото место".


Comments: Post a Comment



<< Home

This page is powered by Blogger. Isn't yours?